Be#Next 3 ќе ја предводи Драган Војводиќ – човек со над 20 години искуство во развој на луѓе, продажба и лидерство, и официјален претставник на една од најголемите светски консултантски организации – Sandler (Baltimore, USA).
Дипломиран менаџер на Универзитетот во Белград, Драган уште како студент знаел дека нема време за „класичен“ пат. Факултетот го завршува забрзано, а кариерата ја започнува во Porsche, продолжува во Volvo и Raiffeisen банка.
Но, брзо сфаќа дека корпоративниот систем не е неговата игра.
Драган е автор на две книги:
„Хранити его или породицу“ и „Зашто златни орао лови вука“ – книги кои не мотивираат, туку будат одлука.
Во 2012 година, по покана на српското кралско семејство Караѓорѓевиќ, има чест да одржи предавање во Белиот двор, заедно со Ник Вујичиќ.
Покрај продажбата и бизнис стратегијата, Драган има длабока психолошка основа – учел Логотерапија, третата Виенска школа по психијатрија, кај проф. др. Криже Катиниќ од Загреб.
Патува низ целиот свет, предава, учи и доаѓа до еден јасен заклучок:
луѓето се исти – разликата е во одлуките што ги носат.
Семеен човек, татко на Марија Анџела и сопруг на Марија – со која заедно го гради и живее бизнисот.
Во 1970 година, Дејвид Сендлер одлучува дека е доста од продажба без почит.
Доста од „ќе размислиме“, „немаме буџет“ и продавачи третирани како неплатени советници.
Затоа, заедно со клинички психолози, создава систем кој ја менува играта.
Sandler не е техника. Sandler е систем.
Методологија базирана на предвидливи човечки обрасци, која:
Зошто да праќаш понуда на некој што не сака да купи?
Денес Sandler е присутен во 300+ центри низ светот, во 30+ земји, и важи за една од најпочитуваните продажни методологии глобално.
Една клучна вистина што ја учи:
Парите не се проблем. Прашањето е – дали те почитуваат.
Sandler не верува во еднодневни семинари.
Верува во долгорочна промена, практика и поддршка.
Со Sandler – не молиш. Разговараш како еднаков.
Местото каде младите учат, се поврзуваат и градат нешто свое. Настани, подкаст и едукација на едно место.
Научи видео монтажа и content креација за 4 недели. Прва генерација, 01–24 септември.
Пријави се →Специјален говорник во живо во Скопје. Не пропуштај — 26 септември.
Резервирај место →Филип Петровски за AI револуцијата, иднината на работата и mindset-от.
Гледај →Конференции и средби со врвни говорници и креатори.
Next Gen Podcast — над 80 епизоди со луѓе што создаваат.
Кампови и работилници каде учиш вештини што вредат.
За следниот настан, епизода или камп — директно на твојот меил.
Научи видео монтажа за 4 недели. Прва генерација — само 20 места. Почеток 01 септември.
Дознај повеќе →